Последниве денови на интернет кружи малку морничаво видео од американски хотел за кој се верува дека е опседнат. Станува збор за хотелот „Crescent Hotel and Spa“ во Еурека Спрингс, Арканзас, а тој е познат кај љубителите на паранормалното бидејќи се вели дека во тој хотел престојуваат голем број духови.
Легендите велат дека хотелот е прогонуван од духовите на ѕидарот Мајкл, кој трагично загинал во 1885 година додека работел на изградбата на хотелот, а има и приказна за озлогласениот Норман Бејкер, кој го купил хотелот во 1937 година и практикувал шарлатанство во тоа, односно заработил со тоа што ги уверувал болните од рак дека ќе ги излекува со помош на „чудесни“ препарати и наводно таму умреле многу луѓе.
Сега две девојки кои го ловат паранормалното решиле да останат во хотелот за да ги потврдат гласините и го снимиле наводниот дух, односно нешто што изгледа како фигура на девојка се втурнала низ нивната соба.
„На сите ни е јасно дека детското трчање создава голема врева, меѓутоа, на видеото не слушаме стапала како удираат на подот, но не слушаме ниту удар во ѕидот. Ако се земе предвид брзината на девојката и близината до ѕидот, сигурно имало удар. Ако ме прашувате мене, тоа е одлична фотографија“, коментира човек кој со години анализира паранормални видеа.