МакедонијаТоп

Момче киднапирано и силувано во парк шумата Гази Баба поради долг од 150 евра

Момче било киднапирано и силувано од две лица во парк шумата Гази Баба поради долг од 150 евра, соопштуваат од Обвинителството. За двајцата силувачи е побарано продолжување на притворот.

– По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против двајца 22-годишни скопјани за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 1, како и Противправно лишување од слобода според член 140 став 5 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. На 2 декември, обвинетите на свиреп начин му ја одзеле и ограничиле слободата на движење на едно лице кое наводно им должело 150 евра, така што против негова волја го однеле во Парк шумата Гази Баба, го соблекле и му ја запалиле облеката и личните работи, а потоа присилно извршиле и други полови дејствија кон него, велат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети.

Поврзани вести

Back to top button