Македонија
Млад скопјанец застрелан на булеварот „Словенија“
Млад скопјанец вчера бил ранет од огнено оружје вчера на булеварот „Словенија“ во градот, а засега е нејасно кој го застрелал, соопшти МВР.
-На 09.10.2022 во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски” било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен Д.Н.(29) од Скопје. Претходно, во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Словенија” се слушнале истрели од огнено оружје, по што полициски службеници излегле на местото и пронашле неколку чаури и еден неиспукан куршум, се вели во полицискиот билтен.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.