Македонија
Млад Македонец загина во сообраќајка на Малта, семејството апелира за финансиска помош
Во сообраќајна несреќа што се случила вчера во градот Слиема во Малта животот го загуби младиот Мартин Костов , по потекло од Чешиново, кој подолг временски период живеел и работел на Малта.
Семејството на Мартин се соочува со сериозни финансиски потешкотии и поради тоа апелираат за финансиска помош која може да се уплати на жиро сметката на Иван Костов, братот на Мартин.
Според објавата на фејсбук средствата се потребни за транспорт на телото на Мартин од Малта во Скопје.
Да покажеме солидарност и хуманост во овие тешки мигови.