На интернет се појавија снимки од безбедносните камери кои, според „Џерусалим пост“, се направени неколку минути пред смртоносниот земјотрес, во Маракеш, Мароко во петокот навечер во кој загинаа 2.100 луѓе. На снимката се гледа чуден блесок на небото.
Камерата која ја снимила мистериозната синкава светлина, околу три минути пред да започне земјотресот, била поставена во куќа во областа Маракеш.
Како што се посочува, иако се уште не е позната причината за оваа појава, не е првпат да се забележи пред голем земјотрес. Слични снимки се појавија пред разорните земјотреси во Турција на почетокот на оваа година, кои однесоа животи на над 45.000 луѓе.
Една теорија за овие „земјотресни светла“ е дека нивниот изглед е поврзан со тектонски стрес, сеизмичка активност во областа или дури и вулкански ерупции, забележува „Џерусалим пост“, но сепак појаснува дека поврзаноста на овие блесоци на небото со гореспоменатите феномени не е научно потврдено.
أحد الأخوان من المغرب الشقيق أرسل لي هذا المقطع الغريب من كاميرا مراقبة لمنزله في مدينة أغادير لحظة وقوع الزلزال…
ظهرت ومضات ضوء زرقاء غامضة في الأفق ولا أحد يعرف ماهي.
مع العلم أن هذه الأضواء ظهرت نفسها لحظة وقوع زلزال تركيا وسوريا قبل 7 أشهر.
هل يوجد لدى أحد تفسير؟ pic.twitter.com/q845XXSlYu
— إياد الحمود (@Eyaaaad) September 9, 2023