Македонија

Мистериозна смрт на маж во Охрид

Машко тело во лежечка положба, рано утрово забележале полициските службеници на улицата Цар Самоил во Охрид. Телото е видено околу 02 часот и 30 минути во близина на кафе барот „Табана“, по што со возило на Брза помош е пренесено во Општата болница во Охрид, каде починало на хируршкото одделение, по преземени мерки за медицинска помош. По наредба на Јавен обвинител, денес ќе биде извршена обдукција врз телото на починатиот.

На улицата на местото каде е забележано телото на сега починатиот, извршен е увид во присуство на Јавен обвинител и полициски екипи.

СВР Охрид, презема интензивни мерки за целосно расчистување на овој случај, иако до овој момент во полициската станица не е пријавено нарушување на јавниот ред и мир или друго казнено дело во споменатиот угостителски објект.

Поврзани вести

Back to top button