Мистерија – Река која врие (ВИДЕО)
Геофизичарот Андрес Рузо одлучил да ја пронајде легендарната река во Перу.
Не само што ја пронашол, туку и потврдил дека таа врие на неверојатни 93 степени Целзиусови.
“Чувствувам како да сум во сауна или рерна”, напишал Рузо во својата нова книга “Реката што врие: Авантурата и откритието во Амазон”, додека седел на брегот на реката.
Реката е долга 6,4 километри и на некои делови длабока до 1,8 метри, додека на одредени места е широка 24 метри.
Рузо измерил температура од 85 степени, а водата станува опасна над 47 степени.
“Да ја ставев реката во неа, за помалку од половина секунда ќе имав изгореници од трет степен. Да паднев во неа, лесно ќе можев да умрам”, напишал Рузо во книгата.
Рузо во текот на проучувањето пронашол животни кои очигледно паднале во реката, а кои биле сварени, буквално до коска. Со оглед на тоа колку е топла водата, локалното население ја користи за направи час.
Инаку, ова не е единствената ваква река во светот, но тие обично се поврзани со активни вулкани или магматски системи. Оваа река, оддалечена на 650 километри од најблискиот вулкан, претставува аномалија, додека локалното население смета дека има лековити способности, па нејзината мистериозна енергија се користи во традиционалната медицина.
Никој не знае зошто реката е толку жешка. Една од хипотезите е дека таа е директен резултат на една незгода – која се случила при бушење на нафта – и која им се случила на шпанските освојувачи пред неколку стотини години.