Свет

Медведев: Првата епизода одиграна, ќе има и други

Првата епизода е одиграна, ќе има и други, изјави денеска заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, огласувајќи се по нападот на Русија врз Киев и врз останати украински градови.

Тој на Телеграм објави дека според неговото мислење, цел на идното руско дејствување треба да биде целосна демонтажа на политичкиот режим во Украина.

„Украинската држава во сегашната конфигурација со нацистички политички режим ќе претставува постојана, директна и јасна закана за Русија. Затоа, покрај заштитата на нашиот народ и таа на границите на земјата, целта на нашето идно дејствување, по мое мислење, треба да биде и целосна демонтажа на политичкиот режим во Украина“, наведува поранешниот руски претседател и премиер.

Поврзани вести

Back to top button