Живот

Медот како превенција за сува кашлица

Научниците утврдиле дека медот ефикасно ја ублажува сувата кашлица кај децата.

Благодарение на шеќерот што го содржи, медот предизвикува хиперсекреција на плунката и слузот со што се ублажува кашлицата и чувството на гребење во грлото.

Во истражувањето во кое учествувале деца на возраст од една до пет години, научниците утврдиле дека со конзумирање на 10 грамови мед 30 минути пред спиење се намалува јачината на кашлицата кај децата, и при тоа се подобрува квалитетот на сонот и се забрзува заздравувањето на организмот.

Поврзани вести

Back to top button