Македонија
Македонија се најде на ажурираната листа на Швајцарија на „ризични земји“
Швајцарија ја стави и Македонија на ажурираната листа „ризични земји“ со ограничување на патувањата заради спречување на епидемијата на коронавирус.
Од Федералната канцеларија за здравство (БАГ) е наведено дека ограничувањата на патувањата се наметнати за 12 земји, како и за поголемиот дел од Италија и од Австрија.
Покрај Македонија, на листата „ризични земји“ се додадени и САД, Хрватска, Грузија, Португалија, Унгарија, Полска, Јордан, Литванија, Сан Марино и Словенија.
Владата на Швајцарија најави дека луѓето што влегуваат во земјата од државите од листата по 6 јули ќе бидат во карантин 10 дена.
За оние што не се придржуваат на карантинот се предвидени големи парични казни.