Македонија

Македонија гори министерот на одмор или продолжен викенд

И по речиси три децении демократија, претставниците на власта од секоја политичка гарнитура никако да сватат дека секој оној кој е вработен и зема пари од државниот буџет, од најниско па до највисоко ниво, од чистач па до министер, не е ништо друго туку слуга на народот, односно негова работа е да му служи на народот.

Тоа по се изгледа никако не можа да го свати ни новиот Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, Па така во моменти додека шуми во Македонија горат, министерот за земјоделство, по чија ингеренција се токму шумите, според информации на Курир е на одмор во Шпанија од вчера.

Пред нешто повеќе до 10 дена Владата информираше дека дел од министрите пак се уште не знаат каде ќе летуваат. Иако одлучиле да имаат неколку дневен одмор, се уште размислуваат на која дестинација ќе бараат пазуа од обврските. Така место за летување се уште не избрале министрите за земјоделие Николовски, за труд Царовска и министерот за транспорт Сугаревски.

Курир се обрати и до Министерството за земјоделство, од каде добивме краток одговор во кој не ни беше откриено каде летува министерот Николовски.

-Министерот за земјоделство Николовски, е на продолжен викенд надвор од Македонија, изјави за КУРИР портпаролката на министерството, Соња Јанковска.

О

Поврзани вести

Back to top button