Религија
Литургии по повод Воскресение Христово Велигден
Од Дебарско-кичевската епархија ги информираат православните верници дека по повод Големиот празник Велигден, Воскресна богослужба вечерва ќе има во сите градски цркви со почеток во 23.30 часот.
Митрополитот г.Тимотеј ќе богослужи во манастирот „Св.Климент и Пантелејмон“ на Плаошник со почеток во 23.30 часот.
Наутро на 1-ви мај 2016 година втора литургија ќе има во црквите „Св.Богородица“-Каменско, и „Св.вмч.Ѓорѓи“-Охрид со почеток во 8.00 часот.
Вечерна Архиерејска богослужба, Второ Воскресение со читање на светото Евангелие на повеќе странски јазици и делење на велигденски јајца, едноцрквие ќе се одржи во црквата „Св.Софија“- Охрид, со почеток во 17 часот.