Македонија

Кривична за двајца полицајци, земале 3.000 денари поткуп

Двајца полицајци заработија кривична пријава, бидејќи примиле мито од 3.000 денари. Тие побарале и примиле поткуп за да не санкционираат сообраќаен прекршок.

– Oдделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното обвинителство поднесе кривична против полициските службеници С.Д. и Х.С., вработени во СВР Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од КЗ, информираат од МВР.

Полициските службеници на 16.06.2023 за да не санкционираат сообраќаен прекршок побарале и примиле поткуп од едно лице во износ од 3.000 денари.

Против полициските службеници ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а истите ќе бидат суспендирани од работните места до завршување на дисциплинската постапка.

Поврзани вести

Back to top button