Свет

Киднапирање во семејството Еклстоун

Првиот човек на Формула 1, Берни Еклстоун е уценуван од киднапери кои бараат околу 33 милиони eвра, пишуваат водечките бразилски дневни весници.

Во Сао Паоло во петокот била киднапирана Апаресида Шунк, мајка на сегашната сопруга на Еклстоун, Фабијана. Локалната полиција се уште официјално не го потврдила ова.

Киднаперите наводно барале парите да бидат исплатени во британски фунти и поделени во четири пластични ќеси.

Киднапирањата се вообичаени во Бразил. Според полициските податоци, дневно се пријавува киднапирање на неколку лица, но киднаперите за нив најчесто бараат откуп од неколку стотици долари.

Еклстоун (85), кој според податоците на магазинот „Форбс“ тежи 3.8 милијарди eвра и е еден од најмоќните луѓе во светот на спортот, се венча Фабијана (38) во 2012 година, три години откако ја запозна на трката за Големата награда на Бразил.

Берни беше 25 години во брак со Хрватката Славица Радиќ со која има две ќерки.

Поврзани вести

Back to top button