Свет

Како храбра мајка со седум деца пливаше четири часа за да ги спаси од пожарот во Грција

Грчките медиуми го пренесуваат сведоштвото на Елисавет Пападопулу, кое таа го објави на својот Фејсбук профил, во кое опишува што и се случувало за време на катастрофалниот пожар.

Тој ден, таа и нејзина пријателка го славеле роденденот на нејзината 11 годишна ќерка, со уште шест други деца во хотел покрај морето близу до Мати, најпогоденото место од пожарите.

Раскажува дека децата јаделе торта, пееле и се играле додека не го почуствувале чадот.

Ги „грабнале„ децата и се упатиле кон морето. Децата врескале и плачеле.

Постојано прашувале дали ќе умрат. А таа и пријателката врсекале да престанат и да продолжат да пливат.

Сонцето по некое време исчезнало, настанал мрак, а никој од нив не бил сигурен дали од чадот кој се ширел имале доволно воздух.

Продолжиле да пливат за да најдат некое сигурно место, но внимавале и да не се одалечат премногу од брегот.

Стигнале до место каде околу 200 лица столе по карпи во морето.

Слушале како експлодираат автомобили, а чадот станувал се погуст и почнале да се гушат.

Во нивниот случај ветерот, кој придонесе пожарите брзо да се прошират ги спасил, разредувајќи го чадот.

Најпосле стигнале до карпа, каде можеле да здивнат и на својата ќерка и рекла: „Среќен роденден драга Ева“.

Потоа густината на чадот повторно се зголемила, па морале да продолжат да пливат, а децата постојано прашувале дали ќе умрат.

Во вода поминале четири часа. Околу 10 часот навечер здогледале брод на приватно училиште за нуркање, кој барал преживеани.

„Тие се нашите спасувачи. Се срамам што не се сеќавам на името на училиштето за да им се заблагодарам на сите во лице, сега откако нашиот кошмар заврши“, пишува Пападопулу.

Фото: Greek reporter

Поврзани вести

Back to top button