ЖивотТоп

Јована цепе дрва и вози трактор и камион подобро од маж, Изгледа како модел, живее на село и се гордее со тоа (ВИДЕО)

Јована Гавриловиќ е многу популарна на „ТикТок“. Ја следат околу 60.000 луѓе, а таа секојдневно покажува како изгледа животот на село во современиот свет.

На прв изглед, Јована можеби делува како да се занимава со моделинг, но всушност се занимава со сосема поинаква работа. Таа живее во големо, селско домаќинство и ги работи најразличен спектар на работи кои ги подразбира еден селски имот.

@jovanagavrilovic04 #🚜🌾 #poljoprivreda #fypfypfypfypfypfypfypfypfyp #sekiturkovic #fyfyf #traktoristy #imt #imt539 #baliranje #seno #balee #balirka #njiva #ferguson #selo #detesasela #foryoupageeeeeeeeeee #girlvillagelife #lifevillage #girll #traktorlover #🚜 #lovevillage #tiktoksrbija🇷🇸 #srbijatiktok🇷🇸 #viralvideoo #sekiturkovic #musiclove #🚜🌾 ♬ original sound – 🖤 •°*”CRNA”*°• 🖤


Оваа млада дама не се срами од напорните, вообичаени „машки“ работи како што се цепење и пилање дрва, врзување малини, а покажува и завидни вештини кога станува збор за возење камиони и трактори.

Камионите, очигледно, се страста на Јована, со оглед на тоа што на поголемиот дел од видеата ги прикажува токму моментите кога вешто ја вози оваа голема „машина“.

Јована, која е од село во близина на Мали Зворник, ужива во своето секојдневие и ништо не ѝ било тешко досега, а луѓето се воодушевени од нејзината скромност и приврзаност кон селскиот начин на живот.

Многумина ја посакувале за сопруга или снаа, но оваа девојка веќе е зафатена, судејќи по видеата со нејзиното момче.

@jovanagavrilovic04 #fypfypfypfypfypfypfypfypfyp #foryoupageeeee #muzikakurdi #srbijatiktok🇷🇸 #bosnia🇧🇦 #neksviznajudasmopar #makedonija🇲🇰 #croatia🇭🇷 #crnagora🇲🇪 #lovemusic🎵🎶viral #viralvideo #fyp #winteroutfits #workkk #balkantiktoker #balkansrbija #🤪🤪🤪🤪 ♬ original sound – “narodna muzika”


Публиката на „ТикТок“ е воодушевена од ликот и делото на Јована, па некои од нејзините видеа, иако едноставни, достигнуваат и милионски прегледи.

Исто така, тука е и „лавината“ позитивни коментари. „Секоја чест девојко, малкумина би се осмелиле да живеат вака“, „Сите пофалби“, „Има ли нешто што ти не знаеш, секоја чест за тебе“, „Бог те создал за сè“, „Материјал за женење“, „Ти си реткост во денешниот свет“, „Браво, сакаш ли да ми бидеш снаа?“, „Ова е вистинска жена“, се само некои од комплиментите кои ги добива секојдневно.

Поврзани вести

Back to top button