„Војводи” од Тетово, упатува безрезервна поддршка на доктор Бобан Вучевски Скопски!”
Ја известуваме јавноста дека навивачката група “Војводи” од Тетово, упатува безрезервна поддршка на доктор Бобан Вучевски Скопски!
Човекот кој изминативе 3 години, животот го посвети на лекување на ковид пациентите во Тетово и пошироко.Човекот кој беше достапен 24/7 за секој еден од нас, едноставно НЕ ЗАСЛУЖУВА ДА БИДЕ ВМЕШАН ВО ВАКОВ МОНТИРАН ПРОЦЕС!
НЕДОЗВОЛИВО Е СО ЦЕЛ ЗАШТИТА НА “ГОЛЕМЦИТЕ” ДА СТРАДААТ НЕВИНИ И НЕДОЛЖНИ ЛИЦА!
Се надеваме дека правосудниот систем барем еднаш ќе покаже дека во нашата држава постојат закони и норми кои важат за сите подеднакво!
Нема да дозволиме од трагедијата која потресе многу семејства, однесе многу човечки животи и предизвика ненадоместлива штета, да направите циркузијада!
Скопски, Војводи се со тебе!
Со верба во Бог, Војводи до гроб!