Живот

Исповед на самохрана мајка која ќе ве научи животна лекција

Тауни Нелсон пазарувала со своите деца кога акумулаторот на нејзиното возило се испразнил. Надвор било темно и врнежливо, а телефонот не ѝ работел, па таа со часови очајно барала некој да ги одведе дома. Залудно.

Додека липала од болка и безизлезност зад воланот, на прозорецот ѝ тропнал повозрасен човек кој несебично ѝ ја понудил својата помош.

Тауни ја сподели случката за инспиративниот господин со ТВ водител, кој потоа ја објави на социјалните мрежи со цел да покаже колку добри луѓе чекорат меѓу нас и дека и ние можеме да бидеме дел од нив. Објавата е споделувана десетици илјади пати, а има стотици илјади допаѓања.

Еве го текстот на Нелсон:

Јас сум самохрана мајка на четири прекрасни мали девојчиња. Тие имаат 9, 5 и 2 години, а најмалото има 6 недели. Ситуацијата ни е особено тешка откако мојот бивши не напушти.

Мојот камион има гума која постојано треба да се пумпа. Механизмот за отворање на шоферскиот прозорец се расипа. Ми требаше нов ребраст каиш. Камионот беше хаос. И не го возевме никаде, освен ако не моравме.

Пред неколку дена, очајно морав да одам да испазарам. Се натоваривме и се одвезовме до продавницата, која се наоѓаше на оддалеченост од околу еден километар.

Кога излеговме од продавницата, беше темно. И истураше дожд.

Ги натоварив моите деца и намирниците во камионот. Се обидов да го запалам… Ништо.

Едно од моите девојчиња случајно го заборавило светлото запалено. Акумулаторот беше мртов. Немав мрежа на телефонот. Немам семејство со кое да разговарам и бев целосно препуштена сама на себе.

Излегов и ја отворив хаубата за да видам да не е разлабавен акумулаторот. Не, не беше тоа.

Замолив сигурно повеќе од 20 лица во период од 2 часа да нè префрлат дома. Сите ме игнорираа. Дури не ми велеа ни „не“. Едноставно се однесуваа како да не постојам.

Мојата 5-годишна ќерка спобудале, моето новороденче врескаше, мојата 2-годишна ќерка плачеше од глад, а мојата најстара ќерка очајно се обидуваше да ми помогне.

Јас липав и се чувствував како да сум најлошата мајка на светот.

Тогаш, некој ми тропна на прозорецот. Тоа беше повозрасен господин (имаше 74 години) кој накуцуваше и носеше бастун.

Ја отворив вратата, а тој ми подаде чинија со пишелки прсти, бисквити и шишиња со вода. „Нахрани ги тие деца и себеси млада дамо. Влечната служба е на пат, а набрзо ќе притигне и мојата сопруга за да ве одвезе сите дома“.

Таа пристигна, а веднаш по неа прстигна и камионот за влечење. Ние и нашиот каминон бевме одведени дома.

Следното утро господинот се врати во мојата куќа со механичар кој го промени акумулаторот и алтернаторот и ми го порави прозорецот.

Потоа, возрасниот господин си замина и никогаш повеќе не се врати. Кога го прашав механичарот колку му должам, тој се насмевна и ми кажа дека господинот платил за сè. Тој рече дека единствениот начин да му се оддолжам е никогаш да не се откажувам и да продолжам да бидам неверојатна мајка.

Никогаш не сум плачела толку силно во мојот живот. Ситуацијата ни беше ужасна. Полоша одошто можам да ви објаснам.

И без воопшто да нè познава нас или нашата ситуација, овој добар човек ни помогна.

Она што тој го направи ми ја оживеа вербата во момент кога се распаѓав. А за возврат не сакаше ниту прегратка.

Никогаш нема да можам доволно да му се заблагодарам. Но, искрено се надевам дека еден ден ќе можам да го направам за некој друг она што тој го направи за мене.

ИЗВОР: ФЕМИНА

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button