Исповед на поранешната љубовница на шеикот: “Бевме 11 девојки, го чекав својот ред за секс”
Џил Дод е исклучително успешна деловна жена и основач на меѓународно признатиот бренд за облека Roxy.
Но, во раните 80-ти, таа била млада и наивна манекенка која на едно патување во Кан со пријателите го запознала милијардерот и трговец со оружје, Аднан Кашоги, пишува Daily Mail.
Кратко откако се запознале и танцувале заедно, тој ѝ рекол: “Не сакам да те бакнам пред да ти ја објаснам ситуацијата. Сакам да бидеш една од моите љубовници. Според законот во Саудиска Арабија, смеам да имам 11 љубовници и три законски жени. Нема да те бакнам сè додека не се согласиш со ова”.
Таа вели дека секогаш бил опкружен со жени и го опишала како неверојатен љубовник: “Некои од неговите љубовници изгледаа толку младо што човек би помислил дека се работи за средношколки”. Аднан ја опсипувал со скапоцени подароци, а дури и го платил и образованието на еден институт за мода.
Своевремено, Џил ги красела страниците на познатите списанија Вог и Мари Клер и била многу успешна манекенка.
Кон крајот на 1981. година, таа почнала да се чувствува непријатно во целата ситуација. “Една вечер влезе во мојата соба за да ми даде подарок. Кога го виде моето лице, ми рече дека ја згрешил собата и ми кажа да го задржам подарокот. Срцето ми застана, тој мислеше дека сум друга девојка”, вели таа.
Својот однос го завршиле во 1982. година, а седум години подоцна, Дод ја основала компанијата Roxy. Таа сега живее со својот трет маж и вели дека се срами од тоа што некогаш била љубовница на милијардерот, бидејќи луѓето ја сметале за проститутка. “Но, никогаш не сум ја изгубила својата независност, амбиција и креативно изразување кога бев со него, така што не можам да кажам дека жалам поради тоа”.
Своето необично животно искуство, Џил го опишала во своите мемоари “The Currency of Love: A Courageous Journey to Finding the Love Within”.