Свет

Исламистите нападнаа православен манстир

Еден египетски полицаец е убиен, а други тројца се повредени во текот на вооружен напад извршен од исламистички милитантни екстремисти, врз еден контролен пункт на Синајскиот Полуостров.

Во соопштението на полицијата се вели дека инцидентот се случил само неколку стотина метри од влезот на христијанскиот манастир Света Катерина.

Одговорноста за нападот ја презеде џихадистичката сунитска група Исламска држава (ИД).

Манастирот е лоциран во подножјето на планината Синај и претставува еден од најстарите христијански манастири во светот. Тој е дел од православната христијанска црква и е ставен под заштита на УНЕСКО.

Нападот во непосредна близина на Света Катерина, доаѓа неколку денови по двата терористички напади врз две цркви на египетската Коптска црква, во кои беа убиени 45 лица.

Египетското христијанско малцинство сочинува десет отсто од главно муслиманското население од 92 милиони жители.

Поврзани вести

Back to top button