Македонија
Инцидент во скопски Чаир, со копач, секира и нож нападнати четири лица
Четворица скопјани биле нападнати од три лица кои употребувале нож, секира и копач, информира МВР.
– Вчера во 04:30 часот во СВР Скопје, 19-годишниот И.С. од село Никиштане,скопско пријавил дека на 22.02.2020 околу 23:50 часот кај место викано „Чаирчанка“ на ул.„Цветан Димов“ поради нерасчистени должничко доверителни односи и претходна расправија пријавителот и Љ.Е, Р.С. и А.А. биле физички нападнати од Б.Ј, Е.Н и уште едно непознато лице кои што во нападот употребиле нож, секира и копач. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – соопшти полицијата.