МакедонијаТоп

Имаше пари за покачување на платите на судиите, политичарите, пратениците и функционерите, но за Кико не, тој почина

Почина Кристијан Коцев-Кико, момчето за кое цела македонска јавност се крена на нозе за да собира донации за негово лекување. Неговата состојба се влошила во последниве два дена. Јутуберот Стефан Лазаров кој е во постојан контакт со семејството, за ова објави и на социјалните мрежи.

Момчето требаше итно да замине на третман во Турција, но поради влошување на неговата здравствена состојба со неговата ретка болест тоа не се случи. Тој последно се лекуваше во приватна болница во Скопје, каде лекарите се бореа за неговиот живот.

Народот собираше пари за неговото лекување преку хуманитарната акција, која ја започна јутуберот Стефан Лазаров.

Малиот Кристијан има ретка дијагноза Атаксија-телеангиектазија, а откако му се влоши здравствена состојба беше сместен во приватна болница во Скопје.

Поврзани вести

Back to top button