Живот

Хумани деца: Тројца основци од БиХ пронашле чанта со пари и документии и ја предале во полиција

Банкноти во вредност од околу сто евра, кредитни картички и лични документи пронашле тројца ученици во осмо одделение во Босанска Градишка. Без размислување и било какво двоумење, Ноа Голуб, Филип Пилко и Јанко Ќулум пронајденото веднаш решиле да го однесат во полиција за да му биде вратено на тој што го изгубил на паркингот пред тамошниот базен.

„Се враќавме од училиште. Си раговаравме. Кога пред нас на паркингот ја видовме чантата. Мислевме дека е празна. Филип малку ја шутна, но од неа испаднаа пари, потоа и документи, картички. Се’ вративме во чантата. Филип ја повика мајка си за да не’ одвезе со автомобил до полицијата. Сега сите ни’ честитаат и во училиштето и надвор од него што сме постапиле правилно. Па, нели и дома и на училиште не’ учат дека изгубеното треба да му се врати на сопственикот“, изјавил Ноа Голуб за медиумите.

Поврзани вести

Back to top button