Харадинај зборува за „Диво Насеље“: Нашите синови казната да ја издржуваат во Косово
Поранешниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај преку статус на социјалната мрежа Фејсбук, изјави дека ќе им помогне на семејствата на осудените во случајот Диво Насеље за вооружените престрелки во Куманово.
Харадинај рече дека тие чекаат да се донесе конечна одлука, за членовите од случајот Куманово да се екстрадираат во Косово.
„Се сретнав вечерва, во знак на внимание за нашите момци, со роднините на затворениците од случајот Кумано. Ние ќе продолжиме да бидеме со нивните семејства, чекајќи ја правда во Северна Македонија целосно да го расчисти случајот, така што повторно ќе ги истражи сите околности. Им потврдив на нив дека веднаш штом ќе се донесе конечната одлука, ние ќе го искористиме правото според договорот со соседната држава, да нашите синови казната да ја издржуваат во Косово“, стои на Фејсбук статусот на Харадинај.