Говореа за намалување на државната администрација, а сега секој ден вработуваат
Продолжува трендот на нови вработувања во државната администрација. Само во последните неколку дена објавени се огласи за нови вработувања во неколку јавни институции и претпријатија и во Владата.
Јавното претпријатие „Македонски шуми” објави оглас со кој бара да вработи 325 лица на определено време. Според огласот се бараат сечачи и дотурачи.
Неколку дена претходно Јавното претпријатие за државни патишта објави оглас за привремено вработување на 93 лица.
Од нив 74 се инкаанти на патарините.
Оглас за вработување на шест лица објави и државната компанина М-НАВ. Се работи за вработување на шест советници на неопределено време.
Оглас за вработување објави и државната компанија ЕЛЕМ.
Се бараат советници, референт и директор за вработување на неопределено време.
Оглас за вработување објави и Јавното обвинителство. Според огласот поради зголемениот обем на работа се вработуваат 32 лица на определено време до крајот на годинава.
Се почести се и огласите на државните институции, Владата и министерствата за услуги за
привремени вработувања.
Управата за јавни приходи објави оглас со кој бара услуги за привремени вработувања во рок
од една година за што предвидено е да потроши околу 7.000.000 денари.
Услуги за привремени вработувања бара и Катарстарот за што има предвидено да потроши 1.800.000 денари.
Министерството за земјоделство исто така објави оглас со кој бара услуги за привремени вработувања од една година. За оваа намена се предвидени 7.900.000 денари.
Услуги за привремени вработувања бара и Владата. Според огласот оваа година за таа намена Владата предвидува да потроши 3.443.000 денари.
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски пред десетина дена изјави дека нема да има отпуштања во јавната администрација, а односно намален е бројот на вработени, а точниот број ќе се знае во март кога Министерството законски треба да даде извештај за вкупниот број вработени во претходната година