Македонија
Гори „Папагал-зградата“ во Скопје
Вечерва избувна пожар во зградата која се наоѓа на раскарсницата на „Климент Охридски” и „Митрополит Теодосиј Гологанов” (поранешна „Иво Лола Рибар”), во Скопје позната како „Папагал-зграда”.
Од Скопската противпожарна бригада информираат дека пожарот е ставен под контрола. Засега нема информации дали има повредени во пожарот, а неофицијално, пожарот е предизвикан од плинска боца.