Македонија
Гинис: Фирмата на градоначалникот на ДУИ за 18 месеци добила 395 тендери од државата
Градоначалникот на ДУИ во општина Пласница Исмаил Јахоски запиша уште еден во низата тендери кои ги добива од државата. За последниот неговата фирма Пуцко Петрол ќе инкасира нови 50.000 евра.
Претходно, Јаоски ги доби и тендерите за набавка на нафта во Град Скопје за кои инкасираше дури 15 милиони евра.
Порталот МКД.мк направил анализа за вкупниот број на тендери кои оваа фирма ги добила од Владата во последните година и половина.
Според анализата на МКД, во која се објавени официјални документи од Бирото за јавни набавки, Јахоски добил неверојатни 395 тендери за кои неговата фирма инкасирала дури 34,56 милиони евра.