Фудбалерот Мирчевски, еден од петмината херои, кои си го ризикуваа животот за да спречaт катастрофа на пат во Србија! (ВИДЕО)
Поранешниот најдобар стрелец во Првата македонска лига, Мартин Мирчевски, кој сега е член на српскиот клуб ТСЦ од Бачка Топола, заедно со своите соиграчи Горан Антониќ, Јосип Чалушиќ, Ненад Филиповиќ и Ифет Џаковац, спречија да дојде до поголема несреќа при сообраќајка на патот од Суботица до Бачка Топола. Во верижниот судар учествуваа 14 автомобили.
Како што се гледа на видеата од социјалните мрежи, Фудбалерите на ТСЦ налетаа на верижен судир од 14 возила на место каде што видливоста беше слаба поради песочна бура. Мирчевски и колегите излегоа од кола и им сигнализираа да запрат на останатите кои доаѓаа, па така ланецот се прекина на 14 автомобили и спречија потенцијална трагедија.
Потоа фудбалерите им помагале на повредените, на 11-те повредени, па од српската јавност беа прогласени за херои.
– Се враќавме од тренинг кога во близина на Суботица од силниот ветер од земјата на нивните покрај патот се крена облак прашина. Толку беше густ што иако ја намаливме брзината, за малку и ние ќе се удревме. Низ облакот се обидовме да се пробиеме на другата страна на патот, кога камион налета на еден од автомобилите кој се наоѓаше на средината на патот. Тогаш за да се тргнеме се симнавме во каналот покрај патот и се пробивме на другата страна, на делот каде видливоста беше добра и од каде забележавме други автомобили како се доближуваат, а не беа свесни дека пред нив има судар. Истрчавме на патот да ги запреме. Потоа викнавме итна помош, пожарникари и полиција. Се вративме до местото и ги прашувавме луѓето дали се добро и ги смирувавме дека за брзо ќе дојде итната помош, рече капитенот Горан Анотниќ.
Во несреќата имаше 11 повредени лица и за среќа нема починати.
Da se pronadju ovi momci i nagrade!!! Svojom reakcijom su spasili život danas nekom!!!
💪💪💪👏👏👏❤️❤️❤️👍👍👍 pic.twitter.com/sk5p0DoKdO— Frojd od Šumadije (@DrDevla) March 28, 2023