Живот
Фото: На свадбата невеста ја избричи главата за да го поддржи сопругот болен од рак

Во чест на нејзиниот смртно болен младоженец, една невеста решила да ја избричи својата глава и на својата свадба да биде без коса.
Крег и Џоан Лајнс се знаат цели 30 години, а она што до неодамна не го знаела Џоан е дека тој целиот свој живот бил заљубен во неа: „Се вљубив во неа веднаш штом ја видов. Тогаш имав 14 години“.
Џоан решила да ја избричи целата нејзина коса откако стапнала на олтарот. „Тоа беше првпат да ја видам Џоан без коса и изгледаше прекрасно“ – објаснува Крег.
Нејзината коса ја донирала на „Little Princess Trust“ каде креираат перики за деца кои ја изгубиле косата поради рак.