Емотивна исповед на Сергеј Четковиќ кој посвои две дечиња
Талентот, но и личноста на Сергеј Четковиќ е она што го ценат луѓето ширум регионот, познат е како добродушен човек, но во очите на јавноста порасна кога посвои две девојчиња.
Организацијата УНИЦЕФ која се бори за детските права го повика Сергеј за да учествува во акцијата „Секое дете има потреба за семејство“. Темата на акцијата е дека децата не заслужуваат да растат во домовите, туку дека секое дете заслужува да има семејство.
Сергеј го изнесе своето мислење.
-Не сум од оние кои се константно во медиумите и кои зборуваат за својот случај. Мислев дека доволно е сите оние кои размислуваат за тоа да ја видат мојата среќа и сето она што го направив и што ми се случи. Зборувам за најпозитивната работа – станувањето родител и дека тоа на некој начин и нив ќе им биде потстрек, помош и дека од мојот случај треба да научат што треба понатака. Апелирам на сите луѓе кои размислуваат за хранителството, а на прво место за посвојувањето да побараат стручна помош во смисла на разговори со институциите, како што се центрите за социјална работа. Мене тоа ми беше од помош и она што е најбитно, самите да ја донесат таа најголема, по мене, животна одлука. Секако со поддршка на најблиските, семејствата и да тргнат. И дека нивната среќа и среќата на децата е многу побитна од она „Што ќе кажат луѓето?“ или што ќе се зборува по чаршијата. На оние кои ме прашуваат за тоа им кажувам совети и споделувам искуства. И велам дека мојата среќа е најдоброто искуство, најдобар показател на неодлучните што треба да прават понатака. Има и онакви кои зборуваат тивко, никој да не слушне. Секогаш се трудев да не ја слушам средината, да одам по свој пат и да бидам што посреќен и поисполнет, рече Сергеј.