СветТоп

Eлон Маск тврди дека најголем дел од жителите на источните региони на Украина се Руси

Илон Маск вели дека најголем дел од жителите на источните региони на Украина се Руси, па затоа ја претпочитаат Русија.

Вака милијардерот одговори на Твитер на критиките на американскиот сенатор Линдзи Греам, кој ги „прозва“ недостатоците на планот на Маск за мирно решение на кризата во Украина.

Бизнисменот објави и мапа со резултатите од изборите за Врховната Рада во 2012 година, според која жителите на источниот дел гласале за Партијата на регионите, која победила на изборите.

„Очигледно не сите што гласаа за проруската партија сакаа да се приклучат на Русија, но исто така е погрешно да се каже дека никој не го направи тоа“, рече Маск.

Поврзани вести

Back to top button