Македонија

Две белградски компании донираа средства на Инфективната клиника и ИЈЗ

Финансиски средства во износ од 16.000 евра добија Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби и Институтот за јавно здравје. Станува збор за донација од компаниите „Tenfore“ и „Europoint Systems“ од Белград, долгогодишни деловни партнери на Народната банка и деловните банки во државава.

Со наведените средства, како што информираат од канцеларијата на „Еuropoinт“ во Скопје, на Инфективната клиника поправен е дефектен респиратор и набавени се машина за перење алишта, машина за сушење алишта и мобилни телефони, сè заедно во вкупен износ од 6.000 евра, додека на Институтот за јавно здравје му се донирани 10.000 евра за набавка на реагенси и тестови неопходни за тестирање на Ковид-19.

Поврзани вести

Back to top button