Свет
Додик: Република Српска за пет години ќе биде силна, демократска и самостојна
Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска изјави дека неговата земја во наредниот период ќе биде важен фактор во регионот и дека за пет години ја гледа како моќна, силна, демократска и самостојна.
Додик наведе дека некои од најважните луѓе од раководството на Србија ќе бидат присутни на прославата за Денот на Република Српска на 9 јануари.
Тој истакна дека на 9 јануари во Бања Лука ќе биде присутен српскиот претседател Томислав Николиќ, или некој од највисокото раководство на Белград, јави „РТРС“.
– Република Српска ќе продолжи да го слави Денот на Републиката, нагласи Додик, наведувајќи дека никој не може тоа да го укине.
Уставниот суд на Република Српска го прогласи за неуставен Денот на Република Српска.