До 2020 година Пјонгјанг може да произведе ракети со дострел до САД
Северна Кореја до 2020 година ќе има капацитети за производство за балиситчка ракета со голем дострел, која ќе може да погоди цели во континенталниот дел на САД, сметаат јужнокорејски воени експерти.
Како што јави агенцијата Јонхап, во извештај на јужнокорејскиот Иниститут за стратегии за националната безбедност, се посочува дека експертите ангажирани во развојот на севернокорејската нуклеарна програма забрзано работат на создавање помали интерконтинентални балистички раките со голем дострел.
Според Институтот, Северна Кореја веќе поседува ракети си дострел од 1.400 киломатри и изработила подобрена верзија на своите нуклеарни боеви глави.
Изработката на интерконтинетални ракети со голем дострел ќе потрае неколку години. Но, сега повеќе не прашање дали Пјонгјанг поседува технологија за тоа, туку кога ќе ги има тие проектили, сметаат јужнокорејските експерти.
Пред неколку месеци, американски аналитичари излегоа со прогноза дека до 2020 година, Северна Кореја ќе има потенцијал за производство на меѓу 50 и 100 нуклеарни боеви глави.