Живот
Џенифер Лопез трудна во 47. година
Џенифер Лопез чека бебе со 18 години помладото момче Каспер Смарт, на кој ова му е прво дете, додека Џеј Ло од бракот со Марк Ентони ги има близнаците Ема и Макс.
-29-годишниот танчар веќе со месеци копнее за принова, а оној момент кога дозна дека неговата сакана е трудна, почна да ја третира како кралица – изјавил за американските медиуми извор близок на двојката.
Џеј Ло верува дека Каспер ќе биде совршен татко, но се грижи како ќе ја поднесе бременоста со оглед на тоа дека има 47 години.