Живот

Девојче од Нови Сад продава крофни за да му помогне на својот болен татко (ВИДЕО)

Малечката Нина Нинковиќ од Нови Сад го воодушеви регионот, откако на социјалните медиуми се прошири веста дека ова вредно девојче продава крофни за да собере пари за лечење на нејзиниот болен татко. Имено, мајка ѝ и баба ѝ ги прават крофните, а таа ги продава за симболични 100 динари, односно 50 денари.

Нивните сограѓани веднаш покажале голем интерес, со желба да придонесат со своите донации, па сега жените бараат помош за подготовката на крофните, кои многу бргу се продаваат, пишува „Блиц“.

„Прво, сакав да продавам крофни за џепарлак. Но, се сетив дека можам да му помогнал на татко ми да собере пари што е можно поскоро за неговите лекови. Затоа почнав да продавам за него“, вели малечката Нина, која успеала да продаде дури 500 крофни за едно попладне.

Оваа приказна ја разбуди емпатијата кај сите новосаѓани, па тие се организираа да му помогнат ова семејство.

„Синоќа покренавме иницијатива на социјалните мрежи да нè контактираат сите кои би можеле да се придружат во правењето крофни, сè со цел да се продаде што е можно повеќе, а со тоа и побрзо да се соберат пари за лекување на таткото на Нина. Можеме да кажеме дека одзивот е задоволителен, а се надеваме дека ќе ни се приклучат што е можно повеќе волонтери“, изјави Стеван Бабиќ од новосадскиот тим на иницијативата „Крени промени“.

Во 2016 година, таткото на Нина го загубил видот по аблација на ретината, односно одлепување на мрежницата.

Во март 2022 година повторно му се случила истата ситуација, по што му била дијагностицирана симпатична офталмија и панувеитис, поради што неговиот живот е во опасност.

Сега му треба помош за да оди на понатамошно лекување.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button