Бројот на заболени од рак во соседството зголемен за 35 отсто
Минатата година во Косово биле регистррани 1.238 нови случаи на заболени од канцер, што е за 430 повеќе споредено со претходната 2015 година.
Бројот на заболени од канцер во Косово,во првите шест месеци од годинава е повиок за 35 отсто,споредено со истиот период лани, јави дописникот на МИА.
Раководството на Клинката за онкологија во Приштна ваквите бројки ги оцени како загрижувачки, додавајќи дека како резултат на растот на бројот на заболени имало недостиг на лекови за хемотерапија и оти имале проблеми и со застарената апаратра.
– Освен недостигот на лекарства, Клиниката се соочува и со проблеми со старата апарати, финасиски средства за сервисирање на истите, а голем недостиг се чувствува и од персонал,посебно од медицински сестри. Очите на раководството на Клиниката сега се вперени во новата Влада и новиот министер за здравство за да го помогнат овој сектор да ги надмине проблемите, наведува приштинскиот весник „Експрес“.
Врз основа на проценките направени од соодветна комисија, потребни се најмалку 50 милиони евра за набавка на нова апаратура и дополнителен буџет за нејзино одржување.
Инаку, во текот на минатата година во Косово биле регистррани 1.238 нови случаи на заболени од канцер, што е за 430 повеќе споредено со претходната 2015 година.