Мистерии

Божиќно чудо во Австрија: Се сруши цела планина врз село, но никој не е повреден

Жителите на австриското планинско село Валс преживеаа вистинска драма за католички Божиќ, но за среќа сите се живи и здрави после големата катастрофа.

На самиот ден на Божиќ во околу 19 часот по локално време, се случил голем одрон на планината и земјата буквално ги затрупала куќите од селото. Околу 150 жители на селото кое што се наоѓа на околу 40 километри јужно од Инсбрук останале заробени во своите домови.

Градоначалникот Клаус Унгеранк изјавил дека е вистинска среќа за сите што нема жртви и никој не е повреден, а тоа било вистинско Божиќно чудо, затоа што во тие моменти голем број на луѓе се враќале од црковна миса.

„Само се слушна застрашувачка бучава, пукање и татнеж, како да удираат стотина громови. Беше морничаво“, раскажуваат локалните жители за австриските медиуми.

Целосно уништени биле девет куќи, а 36-те луѓе кои што живееле во нив моментално биле сместени кај своите роднини. Околу 80 луѓе и натаму биле заробени во своите домови, но австриските власти смируваат дека се е во ред, затоа што сите куќи пријавиле дека се добро снабдени за Божиќните празници.

Се очекува луѓето и натаму да останат заробени во своите домови и во следните два дена додека спасувачките екипи не се пробијат до нив. Хеликоптери го надлетувале целото подрачје затоа што се стравува дека можно е да се случат нови одрони. Ангажирана била механизација за расчистување и справување со штетата и се очекува веќе денес главните патишта да бидат проодни.

Поврзани вести

Back to top button