Македонија

Бонева: Ме навредуваа и ми лепеа некролози, поднесувам оставка

Членот на ДИК од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева ја поднесе својата оставка до Собранието.

Во неа вели дека постапувала законски и одговорно ја извршувала функцијата. Вели дека по објавата на информацијата за бонусите, станала жртва на јавен линч.

„Бруталните навреди, клевети, закани по живот преку социјалните мрежи и некролози за мене на електричните столбови низ Струмица, е целосна повреда на моите основни човекови права, честа и угледот, а се во име на демократијата, правната држава и гласот на народот. Од овие причини, а заради зачувување на мојот личен интегритет како човек, ја поднесувам оваа оставка и ви благодарам за досегашната искажана доверба“, пишува Бонева.

 

Поврзани вести

Back to top button