Боки 13 донесен во Обвинителството (ВИДЕО)
Бојан Јовановски – Боки 13 околу пладне со полициско возило и придружба од КПУ Затвор Скопје каде што издржува мерка притвор, беше донесен на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција.
Ова е втор исказ на Јовановски за случајот „Рекет“. Бојан Јовановски – Боки 13 на 15 јули годинава беше приведен на распит во Обвинителството заедно со второосмоничениот Зоран Милески – Кичеец.
Во изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството сведочеа бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, како и претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз Агапи Дика и бизнисменот Зоран Азманов.
Поранешната шефица на СЈО Катица Јанева, која исто така, се наоѓа во притвор како третоосомничена исказ треба да дава утре.