Свет

Бесни заминуваат, со факултет возат такси во Германија

Хрватите многу често се принудени среќата да си ја бараат во Германија.

Младите не чувствуваат носталгија за дома и не им е проблем да живеат во „две држави“.

Тадо Јуриќ од одделението за историја во хрватскиот Католички универзитет во Загреб направил истражување со 1200 Хрвати, а идната година на оваа тема ќе објави и книга.

Истражувањето покажува дека има и луѓе од Хрватска со високо образование кои работат како таксисти во Германија.

„Ако некој кој е високообразован работи како таксист во Минхен и ја напушти татковината, тоа не е добиток за земјата на вселување, но е голем губиток за земјата на иселување. Меѓу другото иселениците прифаќаат таква работа затоа што во Германија никој не ги познава и не се чувствуваат понижено“ – вели Јуриќ.

Исто така и голем број Хрвати од БиХ заминуваат во странство. Околу 30.000 Хрвати годишно заминуваат во Германија, а според германски податоци се работи за 50.000 хрватски граѓани кои годишно се доселуваат.

Околу 15% размислуваат краткорочно или долгорочно да се вратат назад.

Поврзани вести

Back to top button