Беше една од најатрактивните порно актерки, а сега држи предавања за верата: Го пронајдов Бог! (ФОТО)
Се обидував да ја напуштам индустријата без помош од Бог, но не можев бидејќи во реалниот живот Бог и порно филмовите не се поврзани.
Некои девојки кои биле чесни сестри ја замениле кариерата и прешле во филмовите за возрасни, но постојат и актерки кои од таа индустрија се завртеле кон верата.
Ѕвездата од филмовите за возрасни Бритни Де Ла Мора (32) многу пати се најде на насловните страни на медиумите, а последен пат беше во центарот на вниманието бидејќи изјави дека сака да стане евангелски проповедник. Во тоа и успеа.
Иако од порнографијата годишно заработувала отприлика околу 400.000 евра работејќи под името Џена Присли, снимајќи стотина еротски филмови, таа ја напушти порно-индустријата и се заврте кон верата. Долги години била зависна од дрога, но животот и се променил кога „го пронашла Бог“.
– Бев една од најатрактивните порно актерки. Се обидував да ја напуштам индустријата без помош од Бог, но не можев бидејќи во реалниот живот Бог и порно филмовите не се поврзани, раскажа таа.
Од еротските филмови толку многу заработувала што на себе си си подарила најнов Мерцедес, како и најнови Луј Витон торбички и Кристијан Лобутин потпетици.
– Имав многу пари, но се мачев со плаќањето на станарината бидејќи бев зависна од дрога – изјави Бритни која трошела илјадници долари месечно за да се снабди со дрога.
Откако побегнала од порно индустријата, Бритни работи како агент за недвижнини, а со сопругот е многу вклучена во работата на црквената заедница. Имаат и деца.
Често оди на конвенции за индустријата за возрасни на кои држи говори за верата, а пред две години покрена и блог преку кој пишува постови со кои сака да им помогне на актерите и ѕвездите во порно филмовите да успеат да заминат од таа индустрија и да започнат да работат друга работа.