СветТоп

Астероид со големнина на Биг-Бен се проближува кон Земјата

Американската агенција за вселенски истражувања NASA објави дека на Земјата ѝ се приближува астероидот SP1, чијашто големина се споредува со лондонската знаменитост Биг-Бен, и спаѓа во поголемите вселенски тела кои пролетуваат покрај нашата планета.

Точните димензии на астероидот уште не се познати. Според американските научниците, неговата должина се движи меѓу 70 и 160 метри.

Астероидот SP1 се движи со брзина од околу 60.000 километри на час. Најмалото растојание меѓу него и Земјата ќе биде на 3-ти октомври. Тогаш астероидот ќе пролета крај нашата планета на растојание од 0,03926 астрономски единици или 5,87 милиони километри, што е повеќе од 15 пати од растојанието од Земјата до Месечината.

Научниците, како и во други случаи, велат дека и покрај тоа што ваквото растојание се чини неверојатно големо, тоа е мало за космичките размери, а судир на астероид од големината на SP1 со Земјата може да доведе до катастрофални последици.

Астеродиот првпат бил забележан на 19-ти септември, кога NASA го рангираше во објекти кои се движат близу орбитата на Земјата.

На крајот од август, астрономите предупредуја за приближувањето на астериод со големина на Кеопсовата пирамида. Американсата агенција тогаш истакна дека во следните сто години веројатноста за судир на некој од познатите астероиди со Земјата практично изнесува нула. Сепак, останува фактот дека астероидите многу доцна се регистрираат кога се приближуваат кон нашата планета и постои опасност од некој од некои причини при патувањето низ Вселената да ја променил својата вообичаена траекторија или да се појави досега незабеклежано вселнскот тело.

Поврзани вести

Back to top button