Македонија
Апасиев: Соборци, колку Тамари чини „прославата“ на човечката мизерија на вашите лидери?
Професорот Димитар Апасиев и член на президиумот на Левица, кој пред одржувањето на прославата на имагинарниот влез во ЕУ и НАТО повика на бојкот, на Фејсбук им пишува на поранешните соборци од Шарената револуција кои ја подржаа прославата што ја организира владата на СДСМ.
Тој ги прашува колку Тамари чини мизеријата на нивните лидери, иронично констатирајќи дека 200 илјади евра не се ништо.
„Драги мои бивши соборци од Шарената револуција. Колку Тамари кошташе „прославата“ на човечката мизерија на вашите лидери? #200000ЕвраПараЛиЕ“, напиша тој.