Апасиев: Со косовски црни пари се купуваат македонски бизниси, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дозволија кадри на ДУИ да земаат плата без да одат на работа (ВИДЕО)
Со косовски црни пари се купуваат македонски компании и сето тоа го дозволува СДСМ, а оваа партија заедно со ВМРО-ДПМНЕ дозволила „кадрите“ на ДУИ да земаат плата без да одат на работа. Ова меѓу другото го кажа лидерот на Левица, Димитар Апасиев, при гостувањето на телевизија ТВ24.
Според лидерот на Левица, ова веќе се случува години наназад и истото е нотирано во одредени извештаи.
– Косовски црни пари ги бркаат македонските бизниси. Месни индустрии, земјоделски комбинати се купуваат и во Источна Македонија. Тоа го има и во европски извештаи. Но тоа го дозволува СДСМ и тоа ако не го казни македонскио народ на избори, ние немаме иднина, бидејќи се ќе биде купено од косовски црни пари, изјави Апасиев.
Според лидерот на Левица, Косовската мафија полесно пере пари во Македонија отколку во Косово и констатираше дека сето ова се случува со одобрување од страна на СДСМ.
– Косовската мафија парите полесно ги пере во Македонија отколку во Косово. Еден протекторат подобро се справува со корупцијата отколку Македонија. Се наликува како пропаста на Отоманското царство, која имала делови кои не ги фаќало закон, рече Апасиев.
Апасиев беше запрашан за ситуацијата во Град Скопје.
Според Апасиев „постапката на директорката на Комунална хигиена беше правилна“ и додаде дека праксата членови на ДУИ да се наоѓаат на платни списоци и да зимаат плата додека не одат на работа мора да заврши. Тој констатираше дека ова однесување на ДУИ би било невозможно доколку СДСМ и ДПМНЕ од позиција на власт за политички пазарења не му дозволеа ваква моќ на ДУИ.
– Комунална хигиена е упропастена од ДУИ, ДУИ што фатија исушија, беше претворена во завод за вработување на три фамилии и треба тоа да не го кажам? Потегот на директорката беше правилен, јас немам долг ниту кон Данела, ниту кон Косана за да морам да го кажам ова, но потегот на диреторката беше прваилен, изјави Апасиев.
Во изјавата лидерот на Левица додаде дека нефункционалните јавни претпријатија се полни со кадри на ДУИ кои не одат на работа и земаат плата, а дел од нив овде добиваат плати, а работат во странство.