Свет

Американците не го очекуваа ова: Наскоро ќе заплови најопасната нуклеарна подморница на светот

Најмодерната руска нуклеарна подморница „Казан“ наскоро ќе се нурне во длабочините на светските мориња и океани.

Станува збор за втората подморница од класата „Јасен“, но значително понапредна и подобрена во однос на првата подморница од класата „К-560 Северодвинск“.

„Очекуваме подморницата „Казан“ да се најде во морето на 30-ти март“, рекол извор од руското Министерство за одбрана. Откако ќе се најде во вода, подморницата до крајот на оваа година ќе мине низ разни тестирања, а се очекува да стане оперативна некаде во текот на 2018-та година.

„Станува збор за најмоќната и најмодерно опремена јуришна подморница со која што Американците досега се сретнале“, изјавил за “National Interest”, Мајкл Кофман од Центарот за анализа на можностите на руската воена морнарица.

Тоа што подморницата „Казан“ ја прави далеку подобра од останатите е фактот дека во подморницата се инсталирани најмодерните технологии, а решени се сите проблеми со кои што се соочуваа претходните руски подморници од слична класа.

„Проектот 885М (иницијална ознака за „Казан“) е всушност првото пловило од таа класа. Новата подморница е замислена како значително подобрување во однос на претходните подморници и се базира на долг развој, конструкција и тестирање на оригиналниот 885 проект (иницијална ознака за „Северодвинск“). Притоа, имајте на ум дека „Северодвинск“ е првата повеќенаменска руска подморница.

Подморницата е инаку долга 120 метри, а тестирана е на длабочина од 600 метри. Се смета дека под вода може да достигне брзина од 35 чворови, а има екипаж од 90 луѓе. Опремена е со најмодерните сонарни системи, а има и осум вертикални лансирни станици кои што можат да носат крстосувачки ракети.

„Казан“ отстапува од досегашните дизајнерски решенија, како на советските, така и на руските, баш затоа што е повеќенаменска подморница, во концептот слична на своите американски пандани од класата „Вирџинија“ и „Сиволф“.

Русите планираат да изградат вкупно седум подморници од класата „Јасен“, а моментално на бродоградилиштето Севмаш во градот Северодвинск, трае конструкцијата на „Новосибирск“, „Краснојарск“, „Аркангелск“ и „Перм“.

Истовремено, Русите планираат изградба на нови јуришни нуклеарни подморници. Првата задача на овие подморници е да им се спротистават на своите западни пандани. Новата програма е значајна, но за неа малку се знае, освен дека изградбата е планирана за блиска иднина.

Поврзани вести

Back to top button