Живот

Погледнете како изгледа тунелот со кружен тек на дното на Атланскиот Океан (ВИДЕО)

Завршени се подводните работи на тунелот со кружен тек кој е изграден во Атланскиот Океан и истиот ќе биде отворен за неколку недели.

Како дел од новиот 11 километри долг тунел на дното од океанот кој поврзува два од 18 Фарски острови, кружниот тек не е само функционален туку е и вистинска архитектонска скапоценост. За неговото уредување се погрижил фарскиот уметник Трондур Патурсон.

Најниската точка на тунелот се наоѓа на 189 метри под морската површина. Фарскиот парламент во 2014 година ги одобри плановите за изградба на тунелот кој е втор по големина во светот.

Тунелот ќе го скрати времето на патувањето меѓу двете места од 64 на само 16 минути, односно од 55 километри патување на 17 километри.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button