Живот

ВИДЕО: Мајка на својот син му дала масло од канабис за да му ги олесни маките! Три години подоцна тој e весел тинејџер

Иако лекарите на Дерин му дале само неколку денови живот, неговата состојба почнала да се подобрува, деновите станале недели, неделите години.

Една мајка раскажала како преземала драстични мерки да му го спаси животот на тешко болниот син кој заболел од леукемија.

majka

37-годишната Кали Блеквел од Велика Британија спиела во болница на само неколку метри од својот тешко болен син Дерин. Тој бил хоспитализиран откако последната негова трансплантација на коскена срж не успеала.

Дерин пател, неговото тело било измачено по неколку третмани со хемотерапија и радиотерапија, а му давале и морфиум. Не можел да јаде и бил целосно прекриен со рани. По четири години тешка борба против немилосрдната болест, дури и Дерин почнал да губи надеж.

semjstvo

“Лекарите рекоа дека повеќе ништо не можат да направат. Го прославивме 14-тиот роденден на Дерин и се помиривме со тоа дека ќе чекаме да умре”, рекла Кали.

Дерин бил на работ на смртта, кога Кали и нејзиниот сопруг Симон, одлучиле, без знаење на медицинскиот персонал, на синот да му дадат масло од канабис за да му ја ублажат болката.
“Немав што да изгубам”, рекла Кали, откако на својот син тајно му давала масло од канабис.

Родителите на Дерин пронашле дилер и од него набавиле канабис, кој потоа го однеле дома и го подготвиле по рецепт кој го нашле на интернет. Кали потоа, на своја иницијатива го однела маслото во болница, а потоа му го дала на синот. Родителите тврдат дека Дерин се почувствувал добро речиси веднаш.
Иако лекарите на Дерин му дале само неколку дена живот, неговата состојба почнала да се подобрува. Деновите станале недели, неделите години.

Дерин денес е здрав 17-годишен тинејџер, кој се образува и ужива во животот.
“Не тврдам дека канабисот лечи рак или дека е чудесен лек, но му помогна на мојот син и мислам дека треба да се запрашаме дали може да им помогне и на други заболени од оваа ужасна болест”, рекла Кали, која пред Дерин да заболе, се школувала за медицинска сестра.

“Мислам дека канабисот треба детално да се истражи, како и што може да лечи. Во некои американски држави и во Европа е дозволена консумацијата на канабис”, тврди Кали и додава:

“Очигледно е дека е илегален, па затоа се плашев дека некој ќе дознае што правам. Бев преплашена, се плашев да не ме одвојат од синот, или дека социјалната служба ќе ми го одземе помладиот брат на Дерин, Дилан. Но, морав да се обидам и успеав”.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button