МакедонијаТоп

(ВИДЕО) Во полиција повикани сите осомничени за бруталното тепање на девојчето во Аеродром

Полицијата започна со повикување на распит на сите лица кои се поврзуваат со случајот на бруталното меѓуврсничко насилство врз девојче во скопската населба Аеродром. Според информации од Министерството за внатрешни работи, покрај девојките кои директно учествувале во нападот, на разговор се повикуваат и момчињата кои биле присутни, навивале и го снимале целиот настан со мобилни телефони.

Од МВР информираат дека СВР Скопје презема интензивни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на идентитетот и одговорноста на сите инволвирани лица. Во меѓувреме, со жртвата веќе е извршен службен разговор во присуство на родител, а за случајот е известен и надлежен јавен обвинител.

Нов случај на врсничко насилство меѓу малолетници, имаше овој пат во скопската населба Аеродром. Во текот на денешниот ден снимката се прошири на социјалните мрежи.

На видеото е прикажано малолетно девојче кое е клекнато на колена, додека неколку други девојчиња физички и вербално го напаѓаат.

Инцидентот се случува во присуство на поголема група малолетници кои со своите мобилни телефони го документираат целиот настан.

Наместо да го спречат малтретирањето, дел од присутните момчиња и девојчиња активно го поттикнуваат физичкиот напад врз жртвата.

Ќутете да слушнеме како ќе пука“, се слуша на снимката како изјавува едно од присутните момчиња, додека друг повикува „уште еднаш, уште еднаш“.

Поврзани вести

Back to top button
Globus 2