Избор на уредникотСвет

Русите снимиле како Турција им дава оружје на терористите (ВИДЕО)

Ова за Раша тудеј го кажале припадници на милицијата на сириските Курди, кои веќе неколку недели се под жестоки напади од турските вооружени сили на северот на Сирија.

Екипа на руската телевизија снимила конвои на возила што поминуваат низ граничниот премин Баб ал Салам на турско-сириската граница, во предградието на сирискиот град Азаз.

Тој дел од градот го контролираат припадниците на Ал нусра, а неодамна турскиот премиер Ахмет Давутоглу рече дека Анкара ќе стори сè за да спречи Азаз да падне во рацете на сириските Курди.

„Од тука можеме да видиме колку градот Азаз навистина е важен и зошто Турција е одлучна во намерата да ги спречи припадниците на Единиците за национална одбрана да го заземат. На неколку километри од центарот на градот се наоѓа граничниот премин Баб ал Салам, преку кој голем број возила од Турција доаѓаат во Сирија“, рече дописничката на РТ Лизи Фелан, која отпатувала со курдските Единици за народна одбрана ЈПГ за да ги истражи тамошните сомнителни активности.

Според неа, во близина на турско-сириската граница има и едно село за кое сириските Курди велат дека е регрутен центар за членовите на Ал нусра.

„Кога ќе зумираме, може да видиме турски воени возила, веројатно на околу километар од нас, можеби помалку. А веднаш тука пред нас е едно мало село за кое ЈПГ велат дека Ал нусра го користи за обука“, вели Фелан.

Поврзани вести

Back to top button